Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Република Полска | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Република Полска

warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.

9-10 декември 2013 година, Варшава

 

Во соработка со TAIEX инструментот на Европската комисија, во периодот од 9-10 декември 2013 година, тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа TAIEX студиска посета нa Националниот безбедносен авторитет на Република Полска.

Темата на студиската посета беше од доменот на безбедноста на лица корисници на безбедносни сертификати и воедно претставуваше и можност за размена и за споредување на искуствата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на република Македонија и на Агенцијата за внатрешна безбедност на Република Полска.